еМагазин
Image default
Македонија

Павле Богоевски: Џафери го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас

Павле Богоевски, претседателот на Комисијата за мадатно имунитетни прашања и пратеник, на Фејсбук го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери дека го злоупотребил Парламентот за да го заштити организаторот на насилниот упад на 27 април, 2017 година.

“Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка.

Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.

Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.

Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, напиша Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Мухамед Зекири: Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Вељаноски

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

„Драма“ за одземање на имунитетот на Вељаноски, Џафери ја прекина седницата

Фото: Богоевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 450 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Пратеникот Влатко Ѓорчев на терен помагаше по земјотресите во Албанија

Редакција

Имало бугарска окупација или инвазија, но не фашистичка, вели Ѓорѓиев, претседателот на македонскиот дел од заедничката Комисија

Редакција