еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Ниту една земја нема да биде поштедена од новите потсоеви BA4 и BA5 на омикрон сојот

Со ефективен репродукциски број Rt = 0,93 ± 0,27 (со седумдневно усреднување) преносливоста е одвај минимално под единица, границата на забрзување на епидемијата (на првиот дијаграм), пишува проф. Дејан Трајковски во најновата ковид-анализа.

„Дневните бројки, следени преку 14-дневната инциденца, со голо око одвај забележливо се намалуваат (сината линија на вториот дијаграм).

Дури ни стапката на позитивни тестови никако да се намали под 5% (црвената линија на третиот дијаграм).

За споредба, минатата година во ова време оваа стапка опадна практично до нула (0,3% – 0,5%), а дневните броеви на нови случаи изнесуваа просечно дваесетина, односно беа на ниво на спорадично заразување.

Бројот на хоспитализирани последниве две недели започна благо да се зголемува (сината линија на четвртиот дијаграм), што покажува дека бавниот раст на бројот на нови случаи можеби ни помина незабележано под радарот, поради малиот број на тестирања.

Бројот на починати моментално изнесува околу еден дневно, воглавно новооткриени случаи од мај од системот „Мој термин“. Според сите овие показатели, засега навидум нема ништо алармантно, иако преносливоста – блиска до единечната – не ни дава мир.

Поради тоа, насоките за идните движења на епидемијата ќе ги побараме во Европа. Во Португалија, која патем беше европски рекордер во вакцинираност, но и во прележаност, моментално се случува големо избувнување и раст на дневните бројки.

Очигледно е дека ниту една земја нема да биде поштедена од новите потсоеви BA4 и BA5 на омикрон сојот. Прашањето не гласи дали, туку кога ќе пристигне сојот во останатите европски земји, па и во нашата. Во Австрија растот е на самиот почеток.

Во Грција и Црна Гора бројките стагнираат, т.е. не се намалуваат, но во Грција тие се воспоставени на прилично високо ниво. Најверојатно оттаму ќе пристигне бранот и кај нас, за време или после сезоната на летните одмори.

Како што знаеме, личниот, а со него и колективниот имунитет од прележување бледее после 4-5 месеци (барем кај асимптоматскте случаи), така што уште отсега нашата популација станува одново чувствителна на зараза, после јануарскиот бран на омикрон сојот.

Бројот на смртни случаи во Португалија е засега едноцифрен, сметано на милион жители, но при рекордна вакцинираност, па и солидна прележаност.

Ќе видиме како ќе изгледа сето тоа кај нас, со оглед на рекордната прележаост, но при послаб опфат со вакцинација. Како почетна и груба ориентација, можат да се очекуваат до десетина смртни случаи на ден, што сепак е далеку од досега видените бројки,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на реинфекциите со Ковид-19

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа бугарското Собрание

Редакција

Детали од МВР: Петмина мета на пукањето во Александар Палас, полицаец возвратил

Редакција

„Груби и неговите не го сакаат, што остана за другите“: Твитер реакции за незадоволството во ДУИ

Редакција