Полицијата вчера приведе 97 работници кои работеле на „црно“ и без регулиран престој во Македонија на градилиштето на турската компанија „Лимак“.
За странските државјани по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и против фирмата и 15 други фирми-подизведувачи, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШТО ГРАДИ ЛИМАК ВО СКОПЈЕ
Во рамки на мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“, Лимак во Скопје гради и подземна сообраќајница, која ќе има по две ленти во двете насоки, а меѓу нив и простор за две трамвајски линии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подземниот тунел кој го гради компанијата е пак долг 800 метри и широк 37 метри.
На почетокот и на крајот од тунелот ќе се конструираат кружни текови за негово сообраќајно поврзување, а одговорноста за изградба на истите ја има Град Скопје.
Во рамки на проектот се градат и четири станбени згради.
Во овие згради ќе има 772 станови и 24 деловни простории.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледаат и колку чинат становите во „Diamond of Skopje“ на Лимак групацијата
Дел од овој проект е и новиот хотел со 5 ѕвезди, „Лимак Скопје Хотел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО: Први фотографии од „Лимак Скопје Хотел“
КОЈА Е ЛИМАК ГРУПАЦИЈАТА
Лимак е интернационална компанија, во која работат 60.000 вработени во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.
Во портфолиото на Лимак се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул Istanbul Grand Airport, мостот Чанак кале 1915 и новиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт чија вредност е 4,3 милијарди долари и претставува најголемиот договор што е доделен на странска градежна компанија.
Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска.
Вкупната вредност на реализираните проекти е над 10 милијарди долари, а има над 100 проекти, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи и објекти за одмор и комплекси за домување.
Лимак е дел од престижната листа на 250 најдобри градежни компании во светот што ја прави ЕНР (Engineering News Records).