Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи е еден од новите потпреседатели на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Битиќи
Битиќи е роден на 26.10.1975 година.
Дипломирал бизнис aдминистрација, насока бизнис менаџмент на Универзитетот во Тирана, Албанија (1994 – 1999г.).
Зборува англиски, германски и српско-хрватски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на Венко Филпче, новиот потпреседател на СДСМ
Професионална и политичка кариера
Во неговата биографија пишува дека тој е интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со над 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.
Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот.
Од 2008 година активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови.
„Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер.
Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства од областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот„, пишува во неговата биографија.
Во aприл 2018 година е ангажиран како посебен советник на премиерот Зоран Заев за спроведување на истражувања и анализи за политики, стратегии и теми поврзани со економијата како и подготовка на професионални мислења, коментари и препораки.
Член е на Економскиот совет на Владата и дел од Советот за економски реформи и одржлив развој, одговорен за подобрување на политиките во деловното окружување.
Од август 2019 година ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сања Лукаревска, новиот заменик-претседател на СДСМ
Фото: Битиќи/Фејсбук