Според последните податоци објавени вчера, во Македонија се регистрирани 53 новозаболени со коронавирусот, но и нови пет починати.
Со тоа вкупниот број на починати од вирусот во земјава се искачи на 17.
Дел од лицата кои влегоа во најновата евиденција се од претходни денови, а детали за нив дава анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
“Едно лице прикажано во Скопје како починато е од Косово со неколкумесечен престој во РСМ.
Од 2-те починати лица од Куманово, едниот е презентиран претходниот ден, вториот е потврден на 01.04.2020 (без коморбидитети, без патување и контакти со потврден случај).
Починатото лице од Велес е докажано post mortem (коморбидитети: астма, без патување и контакти со потврден случај).
Починатото лице од Струга е со коморбидитети: HTA, ХОББ, без патување и контакти со потврден случај“, велат од ИЈЗ.
Детали за новопочинатите од вирусот вчера соопшти и Министерството за здравство.
Од таму посочија дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти, заболени од коронавирус и тоа 71-годишна жена од струшкото село Лабуништа (Струга) и 77-годишен маж од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Од Министерството посочија и дека странскиот државјанин (од Косово, н.з.) во Македонија престојувал четири месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании
Од корона вирусот заболени повеќе женски отколку машки лица: Најголем број над 60 години
Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот
Детален преглед: Најголем број од новозаболените од корона вирусот во Струга и Скопје