еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Пратениците во македонското Собрание синоќа со 80 гласа „за“ и 39 „против“ изгласаa старт на процедурата за измена на македонскиот Устав, што е предвидено со договорот за името со Грција.

Која е понатамошната процедура?

Секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, кои ќе ги подготви Владата треба да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата по нив може да трае по три дена.

Потоа, Собранието утврдува нацрт на секој амандман и се отвора јавна дискусија. Во таа дискусија, пратениците може да поднесат амандмани на амандманите.

Претрес на амандманите на уставните амандмани, повторно се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани.

По ова следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.

Премиерот Зоран Заев, изјави дека очекува пратениците на опозицијата во уште поголем број да се приклучат во следната фаза на процесот за промена на Уставот.

„Ние гласавме за потребата од уставни промени, допрва ќе се гласа за нацрт-амандманите, ќе се гласа со двотретинско мнозинство за амандманите“, изјави Заев.

Во однос на четирите амандмани тој рече дека има иницијатива од страна на пратениците, преку нив да се зајакне македонскиот идентитет и јазик, за што, Владата била целосно подготвена да работи со Парламентот и да ја обезбеди поддршката од пратениците.

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, а според Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет

Редакција

Рабатот за маркетите од 30 – 40 ќе се намалува на 10%

Редакција

Во блок-трансакција продадени 12.365 акции од „Киро Дандаро“ за 10,6 милиони денари

Редакција