еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сочувство од Иванов: Со неверување и длабока тага ја примив веста за трагичната смрт на нашата драга Беличанец

Претседателот Ѓорге Иванов упати сочувство до семејството на актерката Билјана Беличанец по повод нејзината трагична смрт.

– Со неверување и длабока тага ја примив веста за трагичната смрт на нашата драга актерка Билјана Беличанец. Иако немам соодветни зборови што би ја ублажиле големата загуба дозволете како претседател на Република Македонија да упатам најискрено сочувство до семејството, колегите од Драмскиот театар и до целата македонска културна јавност.

Нејзината драмска кариера започна во оној момент кога таа за прв пат го препозна повикот на театарот. Повик во својот живот да направи место за бројни ликови и да ги сподели со публиката. Преку незаборавните театарски улоги, Билјана го претвораше сонот во јаве, а животот во сон. И со тоа Билјана Беличанец го збогати македонското театарско творештво, вели Иванов во телеграмата.

Претседателот додаде дека со нејзината трагична и прерана смрт, македонската театарска сцена остана без нејзиниот врвен талент и безрезервната предаденост кон драмската уметност, а сите ние останавме без нејзиното пријателство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски за Беличанец: Тешко ги примаше неправдите, но се трудеше да не го покаже тоа

Од Туфи до Хурем: Која беше Билјана Беличанец

„Најдобрата“: Калиопи, Џамбазов, Зафирчев, Петрушевска… се простуваат од актерката Беличанец

„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирко Петровски бил пронајден починат во неговиот дом во скопска Кисела Вода: Детали од МВР

Редакција

(Видео) Само 12 граѓани протестираа денеска за убиството на Вања

Редакција

Како здравствените работници да го зачуваат менталното здравје

Редакција