Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера (10 февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести, кое претходно не било вакцинирано.
“Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.
Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втора жртва: Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од морбили
Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници