Управниот одбор на Здружението на новинари на Република Македонија (ЗНМ) на конститутивната седница одржана на 17 декември 2018 година едногласно донесе автентично толкување на одредбите од статутот на ЗНМ кои се однесуваат на одржаното Изборно собрание според кое новиот претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски, е легитимно избран со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето, информираат од ЗНМ.
На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за заменик-претседател на ЗНМ, велат од здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија
Фото: ЗНМ/Фејсбук/Чадиковски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.