ВМРО-ДПМНЕ денес на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски избори во Македонија, информираа од партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ преку транспарентен и демократски процес внатре во партијата, овозможува да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење граѓаните и ќе работи во согласност на Уставот и законите и во полза на сите граѓани на Македонија“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција избира претседателски кандидат: Деветмина во трка
Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата
И директорот на Дрисла во трка за претседател на државата: Кој е Горан Ангелов
Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата
Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата
(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател