еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За што се е обвинет Мијалков, освен за прислушувањето?

Поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) како резултат на нелегално прислушуваните разговори отвори неколку предмети против поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој деновиве е топ тема откако неколку дена не беше достапен за органите на прогонот.

И тој како и другите обвинети или осомничени во случаевите кои ги отвори СЈО изминативе години ги користеше сите правни лекови да ги развлече судските процеси, па некои почнаа од почеток, некои одлуки беа оспорувани од повисок суд, беше и заболен со Ковид-19, по што следеше одлагања на други рочишта…

еМагазин направи пресек на сите судски случаи во кои се гони Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алармантно: Мијалков е трет висок разузнавач во бегство

„Таргет-Тврдина“ – случајот за масовното прислушување

Јавноста утре треба да ја слушне пресудата за Мијалков во споениот предмет „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување.

Овој предмет треба да даде одговор кој прислушувал, но и кој ја уништил опремата со кое се правело истото.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Обвинителството, во завршен збор неодамна посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Освен Мијалков, меѓу обвинетите во овој случај е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство во Грција.

Осуден на три години затвор за „Титаник 2“

Мијалков доби казна затвор од три години за друг случај на СЈО, „Титаник 2„.

Затворска казна за овој случај доби и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

„Трезор“

Мијалков е првообвинет и во случајот на СЈО, „Трезор“.

Обвинет во овој случај е и бегалецот Горан Грујевски.

Заедно со другите обвинети тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

„Тортура„ – за апсењето на Бошковски

Мијалков е обвинет и во друг случај на СЈО, „Тортура“ заедно со поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

„Империја“

Случајот „Империја„ според последните информации е во фаза на вештачење.

За оваа истрага Мијалков на неколку дена за прв пат беше во притвор во затвор.

Македонската јавност прв пат слушна за овој случај во ноември 2018 кога СЈО информира дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ во кои меѓудругото се води истрага за Мијалков, но и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата е отворена поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

„Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, соопшти тогаш СЈО.

Оттаму подоцна додадоа дека од доказите со кои располага СЈО произлегува дека со случајот „Империја“ е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

По „успехот“ на системот со Мијалков: Добро утро Македонци, се напивте ли чаша нафта за доручек?

Фото: МИА/Орка холдинг/Бошкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Остана уште на Бонева да и се исплатат патни трошоци, унапред за 2019“: Твитер за долгот кон лозарите и отписот на долгови за струјата

Редакција

(Фото) Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

Редакција

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Редакција