Зборот завидлизам нема да го најдете во речникот на македонскиот литературен јазик, бидејќи станува збор за дијалект. Струмички. И тоа не е нешто страшно. Мене лично, не дека и јас сум родум од струмичко, кога премиерот Зоран Заев употребува струмички дијалект ми е многу симпатично. Дијалектите се богатство на еден јазик.
Страшното е што на оваа власт за жал, ама баш за ништо не и завидувам.
Ни за тоа што на сила ни го смени уставното име, ни за тоа што актуелни функционери си ги вработуваат членовите на семејството во јавни и државни фирми и институции, ни за тоа што си играат со историјата, ни за тоа како се справија со криминалците од претходната власт, ни за амнестијата на тие што насилно упаднаа во Собранието и на тие што го овозможија тоа, ни за палењето на трската во Охрид и Струга, ни за дивоградбите на Матка… Да не редам, долг е списокот.
Уште помалку им завидувам на ВМРО-ДПМНЕ и сите што досега ја воделе оваа земја.
Но затоа им завидувам на Јапонците, со кои живееме во исто време, а како да се на друга планета, им завидувам на Кинезите како се се справуваат со високата корупција, им завидувам на високите плати на Белгииците и Швеѓаните, им завидувам на Албанците за тоа како стануваат едно, колку и да им се различни ставовите, кога се работи за албанското прашање, им завидувам на Холаѓаните за тоа како ги почитуваат практично, а не само на хартија, правата на секој граѓанин, на Грците за морето, им завидувам на сите што дишат чист воздух …
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада