Казна затвор од три години за примање награда доби Зоран Милески – Кичеец, третообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото.
Судот, исто така, одлучи Кичеец да остане во домашен притвор до правосилноста на изречената затворска казна.
Првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни.
По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.
МИА/Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Боки 13 шокираше со изгледот“: Судењето за „Рекет“ топ тема во регионот
Кај се парите кои ги изрекетирале Боки 13 и Кичеец?
Кичеец бил вработен кај Камчев: За него пресуда утре, бидејќи призна вина за „Рекет“
Ќе открие ли Боки 13 навистина каде се парите и кој е организаторот и помагачите во „Рекет„?
Запленет е глисер на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоки Кичеец