еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Професорката и актуелна пратеничка во македонското Собрание, Гордана Силјановска-Давкова е единствената која се пријавила на огласот за кандидати за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, информираа вчера од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски во трка за втор мандат, Силјановска Давкова кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Која е Силјановска-Давкова

Родена е 11. мај 1955 година во Охрид.

Основно и средно образование завршила во Скопје во 1973 година.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1978 година, каде што и магистрирала.

Докторирала на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994 година.

Работно искуство и политичка кариера

Во 1989 година била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје, за доцент по уставно право и политички систем во1994 година, а потоа и за редовен професор во 2004 година.

Била член на Уставната комисија на Собранието на Македонија во периодот од 1990 до 1992 година.

Во периодот од 1992 до 1994 година била министер без ресор во владата на Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на Македонија.

Таа е експерт за избори на ООН, а била и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа.

Била и член на Венецијанската комисија.

Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска-Давкова беше носител на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборната единица 1.

Од август, 2020 година е пратеничка.

По вторпат во трка за претседател

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на партијата на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Македонија, која ќе се одржи на 2. март.

На истата делегатите можат да предложат и друг кандидат, но тоа досега не се случило.

Доколку таа биде изгласана од делегатите, по вторпат ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Таа беше кандидат за претседател на последните претседателски избори и влезе во вториот круг во кој изгуби од актуелниот претседател Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Фото: Фејсбук/Силјановска-Давкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мјузикл за Есма Реџепова и песни за СК 2014: Кои музички проекти добија пари од програмата на Министерството за култура?

Редакција

Без професионална планинска спасителна служба, ќе имаме уште многу случаи како премрзнатиот сточар од Кратово

Редакција

Кој е Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, кој најавува можно разделување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција