еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со увидот на УЈП во банкарските сметки, СДСМ го крши Уставот и се загрозува приватноста на граѓаните

Укинувањето на приватноста на банкарски сметки власта на Заев дополнително ќе ги оданочува извозниците на интелектуален труд и ја загрозува приватноста на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени, закани и други криминогени дејанија на структури блиски до власта.“

„Со ваквото законско решение СДСМ уште еднаш бескурпулозно го крши Уставот на Република Македонија поточно членот 25 со кој „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“

Воедно една од клучните цели на оваа одлука на владата е да се оданочат оние кои продаваат интелектуален труд по светот односно ИТ интернет услуги, преводи и други трудови. Со ова дополнително ќе се оданочи структурата на граѓани која прави извоз со минимално користење на домашните кавни услуги за кои плаќа“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Титаник 2“: Ибраими призна дека му се јавил на Тачи пред гласање во ДИК

Редакција

ДИК утре ќе ги врачи уверенијата за пратеници на ДПА и Левица

Редакција

За испорака на Палевски ќе бидат потребни месеци

Редакција