Пораз и разочарување можеше да се види денеска во очите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и преполовената пратеничка група која стоеше зад него на прес-конференцијата во македонското Собрание на која тие побараа претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја стави точката за промена на Уставот на гласање за да се види дека власта нема дво-третинско мнозинство неа нема гласат доволен број на пратеници.
Гестикулацијата на лицата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа на прес-конференцијата како да ги потврдија неофицијални информации објавени од повеќе медиуми дека власта веќе обезбедила дво-третинско мнозинство пратеници.
При тоа, никако не треба да се заборави дека денес беше ослободен и последниот притворен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за настаните на 27 април и дека ниту еден од ослободените пратеници, ниту поранешниот лидер на партијата Никола Груевски не застана на пресот во Собранието.
Уште повеќе, не треба да се заборави дека заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ќе дојде во Македонија на 22 октомври, на разговори за поддршката од САД на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и за важноста од продолжување на реформската агенда на земјава.
Симболично е што Палмер доаѓа ден пред празникот 23 Октомври – Ден на ВМРО, кој е неработен ден.
Ваквиот развој на настаните сигнализира дека уставните измени можеби се готова работа и дека ќе следува промена на името на државата.
Сепак, епилогот по ова прашање ќе се знае вечерва или најдоцна во вторник.
Фото: А1он
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема 2/3 мнозинство, бараат гласање за да се види тоа
И Крсто Мукоски излегува од притвор
Уште колку пратеници фалат за да поминат уставните измени во Собрание