еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР отвори две истраги за да утврди дали полицајци и надворешни лица му помогнале на Груевски да побегне

До унгарското Министерство за правда деновиве ќе биде доставено барањето со целокупната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

На прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се работи за обемна документација од околу 400 страници која ќе биде соодветно преведена и доставена до унгарските надлежни власти.

– Министерството за  правда од надлежните судови ја собира севкупната документација во однос на случајот.  Таа ќе биде преведена и доставена до унгарските надлежни органи односно до Министерството за правда на Унгарија. Во документацијата меѓудругото ќе има и образложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија. Се работи за обемна документација околу 400 страници, но без разлика на бројот на страниците, барањето ќе биде официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови, рече Бошњаковски.

Паралелно со ова, се спроведуваат и две постапки во МВР со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија. Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.

– По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика како се организирало бегството на Груевски, истакна Бошњаковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Обвинителство со предистражна постапка за тоа кој му помогнал на Груевски во бегството

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестираат во седум града

Редакција

(Видео) Полициските специјалци евакуираа ВИП личности во вежба на Пониква

Редакција

НЛБ Зелен потрошувачки кредит со најниски каматни стапки, промотивно до крајот на годината

Редакција