еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски

Лавината реакции кај македонските граѓани предизвика објавата на Фејсбук на екс-премиерот Никола Груевски дека добил политички азил од Унгарија, што значи дека за сега тој станува недостапен за македонските правосудни органи без разлика на тоа што власта побара екстрадиција.

Неверување, обвинувања дека станува збор за заговор и целосна недоверба во правосудните органи, МВР, актуелната владејчка ганритура, но и во ЕУ и САД демонстрираат граѓаните во своите коментари на социјалните мрежи.

Тие не се наивни и бараат одговори и тоа од Владата, ЕУ и амбасадата на САД кои беа најгласни во нивните обвинувања кон екс-премиерот Груевски и кои инсистираа материјалите од прислушуваните разговори незаконски да станат дел од судскиот процес против Груевски.

Кој дозволи бегство на Груевски? Зошто навреме на беше распишана меѓународна потерница за да се спречи неговото бегство? Зошто Унгарија, која е земја членка на Европската Унија и на НАТО дава азил на политичар кој безброј пати беше посочуван како криминалец кој ја „заробил“ македонската држава?

Ова се само дел од прашањата кои со право ги поставуваат граѓаните, кои патем се соочени со процес на промена на името на државата во Северна Македонија.

Доколку Владата, ЕУ и САД не најдат за потребно да се изјаснат и да побараат директна одговорност за бегството и азилот на Груевски, тогаш нема дилема дека тие доживеаја пораз од невидени размери или пак дека се дел од заговорот да се спаси Никола Груевски од затворската казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите членки на ЕУ за сега без коментар: Хан ќе бара објаснувања од Орбан за азилот на Груевски

Груевски: Ми беше сугерирано од братот на премиерот и обвинителот, дека ќе ми биде одложена казната ако убедам пратеници да гласат за уставните измени

Владата со реакција: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Македонија

Груевски повторно хит во регионалните медиуми: Доби азил во Унгарија, Македонија го бара назад

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за еден од подметнувачите на пожарот во угосителскиот објект на државниот правобранител Речи

Редакција

Дебар и Скопје во 4 фаза: Какви се проценките за ширење на коронавирусот во Македонија

Редакција

16-годишна девојка починала од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција