еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори: „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно, бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.

Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

25 дена молк од македонските власти за скандалозното бегство на Груевски

Ќе му се суди ли и на Груевски за настаните од 27 април?

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украинец клекна пред руски тенк

Редакција

Австралија со илјадници војници на улиците на Мелбурн ќе спречува втор бран на корона вирусот

Редакција

Ќе се продава и имот на Груевски, проценет на 8 милиони евра

Редакција