Престојните претседателски избори кои треба да се одржат во март или април следната година, повторно се актуелни.
Сега, во политичките кругови не се во фокусот само можните кандидати за претседател, туку и дали истите ќе бидат успешни или ќе ја доживеат судбината на референдумот за името.
еМагазин за престојните претседателски избори прогнозира три можни сценарија:
Да победи кандидат на ВМРО ДПМНЕ. Оваа сценарио како што се поставени моментално работите е неверојатно. Кандидатот на опозиционата партија во никој случај не би можел да победи на изборите без гласовите на граѓаните Албанци. А сите анкети покажуваат дека кандидат на ВМРО ДПМНЕ не би добил подршка од нив.
Да победи кандидат на СДСМ или заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ. Оваа сценарио е веројатно, но за да истото се случи потребни се гласовите и на симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и на неопределените. Имено во вториот круг треба да гласаат минимум 40% од гласачите или најмалку 730.000 гласачи. Како за споредба на референдумот излезноста беше 36,89%, а гласале 665.500 гласачи од кои 608.600 беа гласови ЗА, а на истиот не беше обезбеден потребниот цензус.
Изборите да пропаднат. И оваа сценарио е веројатно и истото повторно е поврзано со одлуката на симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, но и на големата бројка на неопределени или тие што нема да гласаат, која во анкетите секогаш е над 30%. Доколку пропаднат изборите привремен претседател би бил претседателот на Собранието, Талат Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе седне во претседателската фотелја на претседателот Иванов?
Анкета на Телма и МЦМС: Ако Заев се кандидира за претседател, има најголеми шанси да победи