Во моментов за можни претседателски кандидати од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата во тек е оглас, кој ќе се затвори на крајот од месецов.
Прв официјален кандидат за претседател на Македонија и еден од можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за оваа функција е пратеникот Влатко Ѓорчев, кој ја објави својата кандидатура.
Кој ќе биде кандидат за претседател на државата, партијата ќе одлучува на Конвенција.
Изминатиов период неофицијално се шпекулираше за уште еден член на Извршниот комитет на партијата, поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, а неофицијално се „вртеше“ и името на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Во медиумите и политичките кругови неофицијално се споменуваа и имињата на професорките Гордана Силјановска и Тања Каракамишева…
Дали и некои од овие имиња ќе станат официјални кандидати и кој се сака да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме.
Во меѓувреме политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој важи за близок на партијата, во емисијата Топ тема на телевизијата Телма рече дека неколку лица кои не кријат дека имаат амбиции да бидат кандидати, и кои се споменуваат во јавноста како такви, би се кандидирале единствено ако со претседателските избори има и предвремени парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антонио Милошоски ќе гласа за Влатко Ѓорчев
Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата
Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата