Неисправните уреди за сопирање на автобусот на „Дурмо турс“ и возењето над дозволената брзина се главните причини за трагичната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се приведени седум лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот.
Информациите од Обвинителството предизвикаа низа реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Све е могуќе у земја во која може да се регистрира автобус со неисправни кочници и каде што шоферите користат ел. уреди за манипулирање на тахографот.
— Daniel Anastasoff (@algorit007) March 14, 2019
Нецелосна техничка исправност на автобусот, неприлагодена брзина на движење (99км/h) и манипулација на тахиграфот во автобусот се причините за страотната сообраќајна несреќна кај #Ласкарци минатиот месец, соопшти Јавното обвинителство.
— Kiril Efremovski (@kefremovski) March 14, 2019
Дурмо Турс Епилог
– Да лежи и возачот кој возел (99 Km) за друг пут на ниедно бате со стомаче да не му текне да се забораи над педалот за гас
– Да лежи и газдата (Неисправни кочници) за никад више на ниеден газда да не му текне да става чоечки животи у вреќа ради јебени профит!
— Бапчо (@TheFitzzz) March 14, 2019
Ќе се најде ли јунак кој ќе воведе ред во бизнисот со станици за технички преглед кои не работат според законот и во сообраќај пуштаат неисправни возила? Ќе одговара ли некој за потпис ставен на неисправно возило?
— 100Le (@baljumbaljum) March 14, 2019
Испадна дека Дурмо турс сам си правел технички преглед.
Тоа е пропуст и на оваа расула држава која не може една нелегална платформа да отстрани, камоли да контролира јавна безбедност
Криминалот, корупцијата, клиентелизмот, партијата и тесните интереси стојат позади оваа трагедија— Ivor Mickovski (@nezenzabar) March 14, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи
Фото: Дурмо турс/Фејсбук