еМагазин во серијал професионално Ви ги преставува кандидатите за претседател на државата.
Кој е Блерим Река
Професорот Блерим Река е кандидат за претседател на држвата кој доби подршка од Алијансата за Албанците и Беса.
Основното и средното училиште го заврши во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина.
Докторирал на смерот – меѓународно јавно право, во заедничка докторска програма на Универзитетот во Приштина и Универзитетот во Грац.
Специјализирал “Global Goverance” на Универзитетот Харвард (John F. Kennedy School of Government) и бил fulbright професор во САД, (University of South California Los Angeles).
Предавал на правните факултети на универзитетите во Болоња, Калабриа, Гент, Лувен, Грац, Универзитетот на Јужна Флорида – USFSP, Универзитетот на Јужна Калифорнија…
Предавал и на Факутетот за политички науки на Универзитетот во Приштина, и на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Неговиот матичен е Универзитетот за Југо-источна Европа, каде што е редовен професор (по меѓународно јавно право, меѓународни односи и правото на ЕУ), каде што беше и про- ректор и декан.
Бил поранешен амбасадор
Член е на Советот за европски интеграции на МАНУ, експерт за поглавјето 24 во Националниот конвент за интегрција на Република Македонија во ЕУ, како и експерт за Западен Балкан во Geopolitical Intelligence Service, на Принцот од Лихенјштајн.
Од 2006-2010 година, беше Амбасадор- Шеф на мисијата на Република Македонија при ЕУ, во Брисел.
Автор е на 19 книги, во полето на меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.
Освен албански и македонски, зборува и англиски и француски јазик.
“Постојат две причини за мојата одлука. Првата е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да скрене во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани.
Втората е дека не е доволна само интелектуална критика, без да се влезе во политичка двобој со цел да се промени ситуацијата. Критиките на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот е реален. Впрочем историјата ја пишуваат државнците, а интелектуалците само пишуваат за историјата„, напиша Река на својот Фејсбук профил по објавувањето на кандидатурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател
Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател
(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња
(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога
(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко
Фото: Фејсбук/Река