еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Братот и сопругот на Мира Дизел ќе дадат отказ, синот не

Во врска со роднинските вработувања, конечно се огласи на Фејсбук и пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска.

Таа информира дека нејзниот сопруг ќе се откажел од временото унапредување како командир во Шумската полиција во Делчево, како и дека истото ќе го направел и нејзиниот брат, кој е ангажиран во РЕК Битола.

Не го спомнува синот, кој е вработен во ЕЛЕМ.

“Изминативе денови внимателно ги следев реакциите во јавноста во однос на обвинувањата за непотизам, нешто што е спротивно на мојата определба и заложба за градење на општество кое ќе нуди подеднакви услови за сите.

Општество кое ќе гарантира еднаквост меѓу граѓаните, независно од нивната партиска, религиозна или каква било друга определба. Тоа е целта за која што се боревме додека бевме во опозиција, тоа е целта на која работиме и сега.

Одговорно тврдам дека, откако сум пратеник, а и претходно ниту сум влијаела, ниту пак имам намера да интервенирам за вработување на член на моето семејство или некој близок роднина.

Тоа е спротивно на моите принципи и етички критериуми.

Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик–командир работи од 1998 година, уште на 14. 02. 2019 година побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево.

Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево.

Исто така, сакам да информирам дека и мојот брат Целе Велевски, кој преку Агенција за привремени вработувања беше ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, се откажа од ангажманот.

Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно.

Верувам дека концептот едно општество за сите и општество кое нуди еднакви шанси за сите, ќе обезбеди развој и просперитет буквално за сите граѓани подеднакво, независно дали припаѓаат на одредена опција или не и независно дали се нечии роднини или не“, соопшти Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дека“ е Мира Дизел?

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

Каков имот пријавила пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Фото: Фејсбук/Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Илјадници млади на „журка“ без маски во Вухан, од каде започна пандемијата со Ковид-19

Редакција

Нема ни куќа, ни стан, ама има два автомобили: Каков имот пријавил разрешениот министер Сухејл Фазлиу

Редакција

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Редакција