еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Државата треба да го реши и станбеното прашање на фамилијата Белчовски, која ги донираше органите на трагично загинатата Верица

Министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше средба со семејството на Верица Белчовска, која почина како последица на сообраќајна несреќа, а нејзините родители одлучија нејзините органи да бидат донирани.

Досега Верица спаси три животи, а ќе помогне на уште дестина лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче му ветил на семејството на Верица дека ќе помогне за нивно вработување

Филипче вети дека во име на Владата, но и во негово лично име ќе помогне околу вработувањето на членови на семејството, кое во потрага по подобар живот, пред девет месеци од беровско Русиново се преселило во Струмица, каде и се случи трагичната несреќа во која Верица го загуби животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Помош најавија и од Општина Берово, од каде ги повикаа и граѓаните да му помогнат на оваа хумано семејство.

И еМагазин се приклучува на овој повик. Ги повикуваме и фирмите кои се во можност да помогнат на било кој начин.

Веќе е активна сметката за донација на семејството Белчовски, на име Душана Белчовска со број МК07200003848731751 Стопанска Банка АД Скопје.

ДА СЕ РЕШИ И СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ НА ФАМИЛИЈАТА

Братот на Верица, Мартин Белчовски за медиумите сподели и дека неговото семејство во Струмица живее под кирија, а тој со сопругата останал да живее во Берово.

Неговиот татко Кирил е невработен, мајка му работела во маркет, постарата сестра работи во обложувалница, а Верче работела во кафуле, сподели тој за порталот mms.mk.

Судбината на семејството и секако нивниот хуман чин со денови се топ тема на социјалните мрежи, каде освен голема благодарност за нивната одлука, граѓаните масовно бараат државата да помогне на семејството на Верче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Жителите на Русиново се простија од младата Верица и порачаа нејзината хуманост да не се заборави од институциите

Читателите на еМагазин предлагаат да им се додели и социјален стан во Струмица, кој нема дилема дека го заслужуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

(Фото) Убава вест: Иле на кого му беше трансплантирано срце заздравува

Фото: Фејсбук/Белчовски/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски: Промовирана првата песна „Идила“

Редакција

(Галерија) Заев дојде на роденден кај Ахмети, домаќинот пресече и торта

Редакција

Активиран членот 4, денеска итен состанок на НАТО за експлозијата во Полска

Редакција