Премиерот Зоран Заев на маргините на Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Како што соопшти владината прес-служба, лидерите на овие земји сојузници на Македонија на средбите изразиле целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи државава и уверување дека нивната поддршка за граѓаните на нашата земја ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Заев во друштво на Трамп на Самитот на НАТО во Лондон
(Фото) Премиерот Заев со сопругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон
(Фото) Заев на прием кај Кралицата Елизабета, заедно со лидерите на земјите-членки на НАТО
Фото: Фејсбук/Заев