еМагазин
Image default
Македонија

Ибраими: Нема да бегам, тука сум роден, тука живеам и тука ќе умрам

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, кој доби највисока затворска казна за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Титаник 2„ од од четири години и шест месеци изјави дека нема да бега, бидејќи тука е роден, тука живее и тука ќе умре.

“Воопшто не изнесовте ниту две реченици за изнесените докази за противзаконското работење на ДИК. Цело време се повикував и не ми дозволивте да го изнесам основниот доказ за примопредавање на доказните материјали и не дозволивте да се докаже дека таа е незаконски и надвор од времето за отворање истраги.

Ако мислите дека со додворување од судот на СЈО се прават судски реформи се лажете. Во однос на мерките притвор јас сум тука роден, тука живеам и тука ќе умрам. Нема да бегам“, рече Ибраими.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков: Стилот на моето живеење не е бегањето

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими одат во притвор

Три години затвор за Мијалков, за Тачи три години и два месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатмир Битиќи сподели детали како му бил ограбен домот

Редакција

Со претходни заболувања 38 од новопочинатите од корона вирусот, 2 лица починале надвор од болница

Редакција

Обвинителство со жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен, бара затвор за обвинетиот

Редакција