Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, официјално е првиот кандидат за претседател на државата и еден од можните кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција кога последен пат станал пратеник.
На свое име Ѓорчев пријавил куќа во Бардовци, Скопје, од 125 метри квадратни, проценета на 8,4 милиони денари и стан во Скопје од 105 метри квадратни, проценет на 6,8 милиони денари.
Станот го добил од наследство, а куќата е стекната со договор за купопродажба.
Како заеднички имот пријавил и земјиште во Сопиште.
Вози Фиат Гранде, а како заеднички имот пријавил уште едно возило- Волцваген Шаран.
На свое име, на име на сопругата и децата пријавил и неколку девизни и денарски сметки, депозити, картички…
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антонио Милошоски ќе гласа за Влатко Ѓорчев
Кои ќе бидат другите кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ?
Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата
Фото: Ѓорчев/Фејсбук