Неколку дена, иако секојдневно е топ тема во јавноста, нема глас од специјалната обвинителка Катица Јанева.
На никаков начин не реагира на бројните шпекулации во медиумите, но и официјални информации за нејзината директна или индиректна евентуална инвловираност во случајот “Рекет“ на Јавното обвинителството.
Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопштија дека е на боледување, но нема информација од што боледува и кога ќе се врати на работа.
Таа поднесе оставка, но нејзиниот мандат како прв човек на СЈО се уште тече.
Оставката ќе стана активна како што самата соопшти кога ќе се избере нејзин наследник, а мандатот официјално и истекува во септември.
Никој од институциите не знае ни каде е Јанева.
Вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека МВР без налог на Јавното обвинителство и судот не може да знае каде е Јанева.
Каде е Јанева не знае ни јавната обвинителка, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“.
Таа во интервју рече дека Јавното обвинителство не ја следи Јанева, но не знае дали некој друг ја следи.
Кој знае каде е Катица Јанева?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 е најголемиот „рекетар“ во Македонија? Нема други?
„Сител“: Вториот мобилен телефон, Катица го изгубила во Белград
КОД: Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет
За Јанева нема ПИ-мерка и таа не е следена од страна на Јавно обвинителство
Фото: СЈО