еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Косово во знак на благодарност што Македонија гласаше за негов влез во Интерпол, може да ги испорача лицата кои ги бара македонската полиција

На судењето за случајот „Монструм“, кој го презеде Специјалното јавно обвинителство, пред неколку недели од вештак беше кажано дека еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири.

Лицето Алил Демири, но и Африм Исмаиловиќ, веќе подолг временски период македонските власти ги бараат од косовските, а како што беше кажано на судењето за „Монструм“, македонското Министерство за правда се уште нема добиено ни одговор за побараната екстрадиција од Косово за овие две лица.

Демири и Исмаиловиќ не се единствени кои пребагале во Косово, а се на потерници на македонската полиција.

Македонија во клучни моменти за новата држава, секогаш била на нејзина страна. Ја подржа нејзината независност и покрај противењето на соседна Србија, што придонесе за влошување на односите, а последната во низа подршки е гласањето на Македонија за влез на Косово во Интерпол, што повторно ги налути Србите.

Па оваа нова подршка, која може да биде повод, не би било лошо Косово да почне да се однесува како држава (за тоа се бори нели) и во знак на благодарност во Македонија да ги испорача лицата кои ги бара нашата полиција.

И да не заборавиме еден многу битен факт. Голема е веројатноста Србија да влезе во Европската Унија пред нас. Не треба посебно да се објаснува што тоа значи на Балканот, и како таа предност во однос на Македонија може Србија да ја искористи.

Тогаш, Цацко пак да не ни биде крив.

Многу е погрешно Македонија за едни соседи да биде мајка, а за други маќеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ за гласањето за влез на Косово во Интерпол: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас

MO на Србија: Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија

Српски медиуми: Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Редакција

Граѓаните над 40 години кои се пријавиле за вакцина до 30 април, термините ќе ги добијат најдоцна во следните три дена

Редакција

Инфлацијата во мај порасна на 11,9%

Редакција