Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеја врз ризикот од смрт од Ковид-19, при што оние на возраст од 65 години и нагоре имаа речиси двојно поголем ризик од смрт од Ковид-19, а мажите имаа околу 28% поголем ризик од жените да починат од Ковид-19.
Ова го покажува истражувањето спроведено од д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство..
Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на вакцините против Ковид-19, вакцините во спречување хоспитализација и смрт од Ковид-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021.
Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779.558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1.106.566 невакцинирани испитаници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Половина од починатите од Ковид-19, починале во рок од 8 дена по хоспитализација
Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените
Фото: МЗ