еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинарите не го дочекаа Груевски пред затвор: Судските служби не го пронашле за да му достават решение

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа не се појави во истражниот затвор Шуто Оризари каде што треба да почне ја издржува двегодишната казна затвор, за предметот „Тенк“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за набавка на луксузниот мерцедес.

Судските служби кои требале да му го врачат решението од Кривичен суд за издржување казна затвор, имале три неуспешни обиди да го пронајдат на домашна адреса.

Имајќи предвид дека овие служби не работат за викенд, многу е веројатно дека обид да му се врачи решението ќе се направи в понеделник. Тој тогаш треба да се појави во Кривичен суд, бидејќи е еден од обвинетите во случајот „Титаник“, и најверојатно тогаш ќе му се врачи решението. И претходните одлуки на судот, Груевски ги добивал на тој начин.

Доколку Груевски не се појави на судењето за „Титаник“, може да се донесе наредба за приведување или во краен случај распишување на потреница, во зависност од проценката на судот дали тој е недостапен на органите на прогонот.

Груевски во меѓувреме од истите причини, може и сам да се јави во затвор.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 вчера ги одби жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието вчера не му го одзема пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

Синоќа пред затворот Шуто Оризари имаше голем број на новинарски екипи во исчекување Груевски да се појави за издржување на казната, со што би станал првиот македонски премиер кој завршил во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбиени жалбите: Груевски треба да се јави во затвор

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Мицкоски: Слушнав дека Груевски треба да се јави во затвор, разочарани сме

Фото: Фејсбук/Груевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Али Ахмети на распит во Обвинителството за случајот „Попис“

Редакција

Македонците го „окупираа“ Солун

Редакција

Пивофест во Прилеп од 1 до 3 септември, еве кој се ќе настапи

Редакција