Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека од утре почнува тестирање за коронавирусот и на Поликлиника Чаир во Скопје, а до крајот на следната недела и во скопската Поликлиниката Млинбалкан.
Уште два пункта ќе се отворат и во другите градови во државата.
Системот на закажување за тестирање во новите пунктови, кои се надополнување на постоечките 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.
Подготвен е и системот за мобилни тестирања и тој ќе почне да се применува следните денови во Скопје.
Од утре најави дека почнува со организација и Клиниката за кожни болести.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година
(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин
Филипче: Пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на починати и заболени да расте
Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор