еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои институции први ќе го користат новото име „Република Северна Македонија“: „Република Македонија“ симната од зградата на Владата

Отстранети се буквите „Влада на Република Македонија“ од зградата на Владата, објави порталот Сакам да кажам.

Владата, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Собранието ќе бидат првите четири институции кои ќе ги заменат старите натписни табли со нови на кои ќе го пишува уставното име „Република Северна Македонија“, објави Телма.

Медиумите објавија дека деновиве ќе се менуваат и таблите на граничните премини, а неофицијално новата табла со „Република Северна Македонија“ веќе е стигната на граничниот премин Богородица.

Овие процеси предвидени со Договорот од Преспа ги најави и Владата.

„Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите“, информираа од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се менуваат ли и капаците на шахтите со ѕвездата од Вергина (Кутлеш), согласно Договорот од Преспа

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник” продолжува на 1 март

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во октомври

Редакција

И по една година, Грција бара „соодветно време“ за ратификација на меморандумите со Македонија

Редакција