еМагазин
Image default
Македонија

Со допис до НАТО побарано исправка за користењето на терминот „македонски јазик“

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е испратен допис до Алијансата со кој се бара корекција во делот на користење на терминот „македонскиот јазик“ на веб страницата на НАТО-Алијансата.

-Меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот што го испративме ќе го корегираат. Некогаш се случуваат грешки, веројатно и во делот на формулацијата, некојпат за сите е новина, па и за меѓународната заедница, исто така, е новина сето тоа што се случува во делот на Северна Македонија – новото име на нашата земја, што се надевам ќе биде и во функција после гласањето во грчкиот Парламент.

Затоа што самото користење и на новото име кај нас, различно од идентитетските прашања како Македонци, кои зборуваме македонски јазик, а ќе бидеме од Северна Македонија треба јасно да се разграничи. Постојат веќе формулирани, готови протоколи каде тоа се објаснува и на сите меѓународните организации, одговори Заев на новинарско прашање по посетата на клиниката за неврологија.

Тој потсети дека нашата земја веднаш по ратификацијата на Протоколот треба да испрати писмо до 193 членки на ОН, во кое ќе бидат објаснети сите аспекти на употребата на новото име.

Дел од јавноста во Македонија се побуни што завчера, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот Протокол за НАТО, Алијансата прв пат, не го искористи зборот “македонски јазик“ на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела.

Висок извор во НАТО за дописничката на МИА од Брисел објасни дека ќе можат да го користат терминот “македонски јазик“ откако ќе завршат сите процедури врзани за договорот од Преспа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ќе користи „македонски јазик“ откако ќе заврши преспанскиот процес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство, вели Филипче

Редакција

Апелација го потврди решението на Кривичен: Мијалков останува во притвор

Редакција

Апасиев: Со право се отфрлени 1.500 приговори на Левица, оти си игравме „дрндупки“ за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото

Редакција