еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот побара од Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски е испратено до Собранието.

Од Судот за МИА потврдуваат дека Барањето за произнесување на Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски е испратено до законодавниот дом.

Според Деловникот, претседателот на Собранието по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имуинитетиот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељановски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Вељановски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристоски им беше одреден 30-дневен притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

„Полека, полека, Шутка ко Халкидики станува. Исто друштво, иста забава“: Твитер за приведувањето на Јанакиески, Вељаноски и Ристоски

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса

Редакција

Псевдонаучни се препораките на Историската комисија, се вели во заедничката изјава на македонските научници и истражувачи

Редакција

Поделба во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го каже ли Никола Груевски својот став за референдумот?

Редакција