Иако со недели пред расправата за уставните измени да дојде на дневен ред во Собранието, на големо се шпекулираше дека власта има двотретинско мнозинство за да биде променет Уставот во Собрание, што е предвидено со договорот за името со Грција, барем засега тоа изгледа невозможно.
Пленарната седница за уставните измени продолжува утре, кога конечно ќе стане јасно дали ќе има предвремени парламентарни избори или ќе има уставни измени.
Вчера од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека се откажуваат од понатамошна дебата и уште еднаш повторија дека нејзините пратеници нема да гласат за промена на Уставот.
Ден претходно од домашен притвор беа пуштени двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ обвинети за настаните од 27. април во Собранието, но тие не се изјаснија дали ќе гласат „за“, иако сега имаат можност да присуствуваат на пленарна седница во Собранието.
Дел од медиумите шпекулираат дека бројката стигнала до 73-74 пратеници, но засега нема официјална потврда за тоа. Потребниот број е минимум 80.
На мнозинството до утре освен да „убедува“ колеги од ВМРО-ДПМНЕ, без кои нема да може да се изгласаат уставните измени (неколку имиња од ВМРО-ДПМНЕ се уште се спомнуваат како можни пратеници кои би гласале „за“), им остануваат и колегите од Социјалистичката партија и бившите и сегашните пратеници на ГРОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Маноиловски: Да ги амнестираме вмровците, поевтино е
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од дебата: Ќе гласаат против уставните измени
Ганка Цветанова ја повика Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени