Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.
Арафат Муареми, директор на Управа за финансиска полиција и пред да дојде на оваа функција работел како инспектор во Управата.
Роден е во Гостивар во 1982 година, а основно и средно училиште завршува во с.Дебреше.
Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, во 2012 година го положил правосудниот испит, а следната и нотарскиот испит.
Првото работно искуство го има во 2006 година во приватна компанија како консултант од областа на правните науки, а потоа работел со договор за волонтерство во Основен Суд Гостивар.
Во 2008 година се вработнува во Управата за финансиска полиција како инспектор и работел во Секторот за интегрирани и финансиски истраги – Одделение за откривање на злоупотреби на службена положба, Секторот за интегрирани и финансиски истраги – Одделение за откривање на кривични дела со кои е стекната противправна имотна корист од значителна вредност, Секторот за криминалистичко разузнавачка анализа – Одделение за откривање на корупција при јавни набавки.
Во периодот од 2015 до 2017 година, по наредба од Јавен обвинител е дополнително ангажиран како истражител во Специјалното јавно обвинителство.
Директор на Управата за финансиска полиција станува минатата година, а претходната е именуван за в.д. директор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом
Фото: Министерство за финансии/Муареми/Фејсбук/Управа за финансиска полиција