Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.
Управата за јавни приходи (УЈП) и даночните работници, можеби не се омилени кај компаниите.
Директорката Сања Лукаревска се обидува да го промени овој имиџ. Таа вели дека Управата ја гледа како свој втор дом изминатите 13 години.
Таму работи од 2006 година.
“Сакам да ја гледам Управата како напредува и да придонесувам да биде почитувана институција еднаква за сите даночни обврзници.
Главната цел е да имаме успешна наплата континуирано и да постигнеме наплата којашто досега никој не ја постигнал. Да се воспостави редовна даночна дисциплина, уредно издавање фискални сметки, како и успешна реализација на предвидените реформи“, вели таа.
Познатото презиме Лукаревска го наследува од својот татко, актерот Ѓокица Лукаревски. Таа вели дека го наследила и неговиот талент.
“Како ќерка на актер, го наследив таленот за глума, но во извршувањето на мојата функција настапувам искрено, без ниту малку глума.
Пријателите и колегите ме познаваат како човек кој не сака неправда. Во слободно време сакам да читам книги, уживам да гледам сериски филмови и да патувам, но не и да се фотографирам.
Следбениците и пријателите на мојот профил на социјалните медиуми, ретко имаат можност да видат фотографија од местата коишто сум ги посетила. Важно ми е да бидам во убаво друштво“, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: УЈП/Министерство за финансии