Вкупно 30.136 лица биле хоспитализирани од Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Македонија (26.02.2020 до 30.09.2021 година), од кои 6.542 починале (21.708% од хоспитализираните).
Ова го покажува истражувањето спроведено од д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.
Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година, а 56.5% од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14.8 дена, а половина умреле во рок од 8 дена по хоспитализација.
За процената на вакциналната ефективност, сите оние кои биле хоспитализирани пред да бидат вакцинирани со прва доза беа класифицирани како невакцинирани случаи, бидејќи не биле изложени на вакцинација пред да бидат хоспитализирани.
Од 15.01.2021 до 30.09.2021 година, од вкупно 16.691 хоспитализации, 1.114 биле регистрирани по вакцинација кај 701.148 целосно вакцинирани (0.159%), додека 15.577 хоспитализации биле регистрирани кај 1.119.139 невакцинирани (1.391%).
Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесува 88.727%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените
Фото: МЗ