Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полицијата синоќа околу 22:30 часот добила пријава за смртта на актерката и поранешна градоначалничка на скопската Општина Кисела вода, Билјана Беличанец.
Режисерот Сашо Миленковски, нејзиниот сопруг, пријавил дека во неговиот стан на улица „Истарска“, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.
Беличанец со Миленковски стапи во брак неодамна. Тоа и е втор брак, а од претходниот има две деца.
Од МВР информираат дека од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје.
Таа беше градоначалник на Кисела Вода од 2013 до 2017 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Најдобрата“: Калиопи, Џамбазов, Зафирчев, Петрушевска… се простуваат од актерката Беличанец
„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец
Детали од Обвинителството за смртта на актерката Беличанец
Актерката и поранешна градоначалничка Билјана Беличанец пронајдена мртва
Фото: ТВ Нова