Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, синоќа изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание, предвидени со Договорот од Преспа, со кои меѓудругото се менува името на државата во Северна Македонија, го славеше со неговиот коалиционен партнер, Али Ахмети, лидерот на ДУИ.
Друштво им правеа претседателот на Собранието, Талат Џафери и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Заедно славеа и вечните ривали, лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, лидерот на ПЦЕР.
Со Заев славеше и лидерот на ЛДП, Горан Милевски, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зборот Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати
Фото: Фејсбук/Османи/Милевски/Ибраимовски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.