Смените во раководството на владејачката СДСМ деновиве се топ тема во јавноста и на социјалните мрежи, а во фокусот е лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, од кого ќе зависи и како ќе „заигра метлата“ и во Владата.
Кои ингеренции ги има лидерот на СДСМ?
еМагазин го разгледа Статутот на партијата во кој меѓудругото се дефинирани и ингеренциите и овластувањата на претседателот на СДСМ.
Што пишува во Статутот?
Член 31
Претседателот на СДСМ:
– го претставува и застапува СДСМ
– раководи со СДСМ меѓу седниците на неговите органи
– учествува во градењето на политиката на СДСМ
– ги свикува седниците на Централниот одбор, доколку на негово барање тоа не го направи Претседавачот на Централниот одбор
– ги свикува седниците на Извршниот одбор
– именува и разрешува претседатели на општинските организации и претседател на градската организација на Град Скопје, по претходно утврдена постапка од страна на Централниот одбор
-предлага заменик претседател на СДСМ и
– извршува и други работи што му се ставени во надлежност со општите акти и со посебните одлуки на органите на СДСМ.
Мандатот на претседателот на СДСМ трае 4 години, со право на повторен избор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ го менува Извршниот, кој се е во Централниот одбор?
Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?
Кој е Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ
Фото: Влада