еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонка од центарот на Ломбардија: Ќе останат ли нашите без работа по кризата со корона вирусот во Италија

По серијата текстови кои „еМагазин“ ги објави од наши иселеници во странство за време на пандемијата од корона вирусот, повторно стапивме во контакт со нашата соговорничка во Италија, за подетално информирање што ќе се случува по олабавување на мерките и дали животот пополека се враќа во нормала.

Во Пјаченца, ситуацијата со корона вирусот е смирена и веќе одредено време нема новозаболени.

Како од 4 мај, кога италијанските власти планираат да ги олабават мерките, ќе изгледа животот на граѓаните?

Нашата соговорничка информираше дека од понеделник ќе биде олеснето движењето во рамките во регионите по што ќе може да се оди од еден во друг град, но само во регионот каде што се живее.

„Пополека ќе ги отвораат и рестораните. Сопругот има ресторан кој во периодот беше затворен, и работеше само испораки. Во следниот период рестораните пополека ќе се отвораат со два метри растојание помеѓу масите,“ објаснува таа.

Во однос на помошта на државата во време на кризата, нашата соговорничка вели дека помогнале на граѓаните и на фирмите уште на почеток на кризата.

„За нас двајцата кои бевме со приватни фирми на почеток беше многу тешко. Но државата веднаш помогна најпрво со 600, а потоа со 800 евра по лице вработено во приватен сектор, а поради ситуацијата со корона кризата останало без работа.

Потоа одобрија по 25.000 евра кредити по фирма, без камата, пари кои треба да се вратат, но без камати,“ вели таа.

Во однос на Македонците таму и дали ќе останат без работа после кризата, таа вели дека секој што работи и е пријавен во фирма нема да има проблеми, без разлика дали е работник кој потекнува од Македонија или од другите држави.

„Најважно е работниците да се осигурани во нивните фирми и да се со регулиран престој овде,“ додава таа.

Нашата соговорничка информира дека Италијаните размислувале за напуштање на Европската унија после ситуацијата со кризата.

„Се погласни се размислувањата и дебатите во медиумите во насока на напуштање на Унијата, бидејќи освен поедини држави немавме никаква помош. Додека беше лирата искрено, ние тука многу подобро живеевме,“ завршува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Фото: comune.piacenza.it

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања

Редакција

Каков имот пријавила градоначалничката Арсовска, која стана претседател на партијата Нова Алтернатива

Редакција

(Видео) Ковачевски се надвикуваше со пратениците, свирежи за време на неговото обраќање: „Силно верувам во исправноста на предлогот“

Редакција