Додека по речиси месец и пол, уште чекаме од властите да ни кажат како избега поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, сега политички азилант во Унгарија, не само во Будимпешта, туку и во Македонија, тој се уште троши наши пари.
Вчера на рочиштето за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), беше соопштено дека неговите адвокати и за овој случај го откажале полномошното, па повторно доби адвокат по службена должност.
Пред неколку дена од државата доби и адвокат за случајот „ТНТ“ на СЈО, кој ќе го плаќаме за 1.500 денари од рочиште за кривична постапка, а пред извесно време, адвокати од државата доби и за случајот „Титаник“ и „Насилство во Општина Центар“ и двата на СЈО.
Тој се уште добива и пратеничка плата.
Неодамна претседателот на Собранието, Талат Џафери, кажа дека се додека има мандат ќе му биде исплаќана плата, која ќе се намалува за пет отсто со секое отсуство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа
40 дена штама за бегството на Груевски
Фото: Фејсбук/Груевски