Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски по објавената аудио снимка за набавката на радарскиот систем е топ тема во јавноста.
Што пишува во неговата биографија?
Д-р Рашковски е роден во Струмица во 1984 година, каде што завршил основно образование и природо-научна гимназија.
Во 2007 година завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
„На „Јустинијан Први“ се стекнал со највисоки оценки и со три магистратури од областите на граѓанското материјално и граѓанското процесно право, казненото право и криминалистика, право на интелектуална сопственост. На истиот факултет се стекнал и со два доктората насловени: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација“)“, пишува во неговата биографија објавена на веб страната на Владата.
Рашковски на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од 2014 година е доцент на научната област воведни и теоретско-правни науки (право и информатичка технологија).
Од 2011 до 2014 година бил асистент на научната област воведни и теоретско-правни науки.
Претходно бил помлад асистент на научната област воведни и теоретско-правни науки и демонстратор по предметот Вовед во право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје 2005-2008 и демонстратор по предметот Правна информатика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје 2005-2008.
“Рашковски е добитник на следниве награди и признанија: 3. место на републичкиот натпревар по астрономија организиран од Сојузот на здруженија на младите истражувачи – Народна техника, 3. место на ораторската вечер „Иво Пухан“, Сертификат за напреден курс по компјутерски вештини, Сребрен медал од стручното жири на Меѓународниот саем на иновации iENA2013 – Нирнберг 29.10.2013 – 3.11.2013 година, за патентното решение „Систем и уреди за електронско гласање и собирање на податоци” – електронска гласачка кабина, „Златна статуетка“ од Полската асоцијација на иноватори на Меѓународниот саем на иновации iENA2013 – Нирнберг 29.10.2013 – 03.11.2013 година, за патентното решение „Систем и уреди за електронско гласање и собирање на податоци“ – електронска гласачка кабина, овластен застапник за право на интелектуална сопственост, награда „11 декември“ од Општина Струмица за посебни остварувања, по повод празникот Св. Петнаесет Тивериополски маченици“, стои во неговата биографија.
Рашковски е автор на бројни научни трудови и универзитетски учебници кои се однесуваат на право и информатичка технологија и мрежното крадење лични податоци. Бил учесник и на голем број меѓународни семинари и предавања.
„Д-р Драги Рашковски е и познат македонски иноватор. За неговата иновација „Електронска гласачка кабина“, Рашковски на Меѓународниот саем на иновации iENA2013, на кој учествуваа 700 патенти на иноватори од целиот свет освои сребрен медал, а од Полската асоцијација на иноватори доби златна статуетка.
Познат е и иновативниот патент на професорот Рашковски за спроведување на пописот „Систем и уреди за попис на население“, кој претставува интегрирано хардверско-софтверско решение коешто е структурирано на самостојна робусна хардверска единица која е отпорна на надворешни влијанија и е наменета за поставување на јавни места“, стои во неговата биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарите Салиу и Јовановски бараат оставка од Рашковски оти ги навредил Ромите и Италијанците
Генералниот секретар Рашковски ќе тужи партии, новинари и медиуми
Рашковски најави правна разврска за набавката на радарскиот систем, нема да поднесе оставка
Фото: Влада