еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател

еМагазин во серијал професионално Ви ги преставува кандидатите за претседател на државата.

Која е Силјановска – Давкова

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордана Силјановска – Давкова на неодамнешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ ја доби подршката од партијата да биде нејзин кандидат на изборите за претседател на државата.

Таа пак се преставува како непартиски и натпартиски кандидат, посочувајќи дека не е член на ниедна партија.

Омилена кај студентите

За студентите пак таа е еден од најинспиративните професори. Според истражување на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Кирил и Методиј„ (УКИМ), Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.

За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Студентите велат дека најфасцинантно кај Силјановска-Давкова е што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни.

Силјановска-Давкова е редовен професор на Институт за правни и политички науки при Катедрата за уставно право и политички систем.

Професионално, за нејзе нема граници

Нејзината работа како научник е фасцинантна. Има објавено над 200 трудови од областа на правото, политиката, законодавството…

Основно и средно образование завршила во Скопје (1973 година). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978 година), каде што и магистрирала.

Докторирала на Универзитетот во Љубљана во 1993 година.

Кога е во прашање нејзината професионална кариера, за нејзе нема граници. Дел е од бројни меѓународни групи на експерти, комитети, совети…, од различни области. Експерт е за избори, родова застапеност…, и е еден од основачите на тинк-тенк организацијата Еуро Балкан.

Таа беше министер без ресор во владата на СДСМ од 1992 до 1994 година.

За време на претходната власт, беше дел и од Студетскиот пленум, кој ја бранеше автономијата на УКИМ кога се носеше спорниот Закон за високо образование.

Силјановска е дел од тимот што го напишал македонскиот Устав (1990-1992 година).

Таа е експерт за избори на ООН и член е на Венцијанската комисија.

Ако стане претседател, како прва одлука најави дека ќе и биде иницијатива за укинување на привилегиите на претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател

Блерим Река професионално: Од амбасадор до кандидат за претседател на државата

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Редакција

Поднесен предлог за отворање стечајна постапка за скопски Бетон

Редакција

Денеска се очекува втора рунда преговори меѓу Москва и Киев

Редакција