еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца загинати откако се преврте автобус со македонски регистерски таблички близу Лековац

Автобус со македонски регистерски таблички излета утрово околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Според најави од болницата во Лесковац, 14 од нив ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Со помош на локалната самоуправа тие ќе бидат згрижени во Лексовац додека не дојде автобус од Македонија.

Во реонот каде се случи сообраќајката има силно невреме проследено со силни врнежи од снег.

Крајна дестинација на автобусот што тргнал од Прилеп требало да биде Виена.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МНР: Загинатот маж во несреќата кај Лесковац е од крушевско, а едната жена од Кочани

Видео од несреќата со македонскиот автобус кај Лесковац

Автобусот кој излета кај Лесковац е на струшки „Еуробус“, од компанијата во Србија испратен друг

Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

(Фото) Снежно Маврово

Редакција

Нова методологија за преговори со ЕУ: Секоја членка ќе може да го „замрзне“ процесот за новите кандидати

Редакција