По поразот на Локалните избори, премиерот Зоран Заев, на прес-конференција во штабот на неговата партија, СДСМ, си поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ.
Не посочи дали станува збор за неотповиклива оставка, па се уште не е јасно дали неговата оставка ќе биде прифатена од органите на партијата, а оставката од премиерската функција е друга посложена тема, која допрва ќе видиме како ќе се развива.
Според Уставот, тоа значи дека во оставка е цела Влада, а според процедурите оставката од премиерската функција на Заев треба прво да биде констатирана и во Собранието, по што на „сцена“ стапува претседателот Стево Пендаровски и новиот мандатар за премиер.
Во членот 93 од Уставот е наведено дека: „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев поднесе оставка од премиерската и лидерската позиција во СДСМ
– Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече меѓудругото Заев.
Кој ќе го замени во СДСМ?
Кој би можел да го замени Заев во СДСМ, доколку раководството ја прифати неговата оставка?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сања Лукаревска, новиот заменик-претседател на СДСМ
Што пишува во биографијата на Венко Филипче, новиот потпреседател на СДСМ
Неофицијално, актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, кој важи за близок пријател на Заев, со кого се дружат и приватно, заедно возат и мотори, веќе извесно време во политичките кругови се споменува и во други комбинации на национално ниво.
Филипче е еден од потпреседателите на СДСМ.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, која дојде на највисоката позиција по таа на Заев – заменик-претседател, на местото на Радмила Шекеринска, е исто така сериозен кандидат за лидерската позиција во СДСМ.
Помали шанси за оваа позиција има и актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој веќе беше технички премиер.
Тој е исто така еден од потпреседателите на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил министерот за здравство, Венко Филипче
Каков имот пријавила пратеничката Сања Лукаревска
Фото: СДСМ