Според последните информации, поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, сега пратеник, Никола Груевски, се уште не се јавил на отслужување на затворската казна за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Вчера судските служби повторно не го пронајдоа за да му го врачат решението, а во неговиот дом не го најде ни полицијата, која имаше два неуспешни обиди.
Претходно во потрагата за Груевски, судот побара асистенција од МВР, од каде пак распишаа национална потерница.
Откако полицијата не го пронајде на домашна адреса, синоќа имаше акција околу седиштето на ВМРО ДПМНЕ, со легитимирање на лицата кои излегуваат од соседниот паркинг и проверка на нивните возила.
За да полицијата влезе во седиштето на партијата и треба налог.
Од ВМРО ДПМНЕ ја осудија акцијата на полицијата и посочија дека тој не е во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно шпекулираа одредени медиуми.
Во текот на вчерашниот ден имаше и други шпекулации, од типот дека Груевски ја напуштил земјата, а медиумите, но и јавноста прашува дали македонските безбедносни служби знаат каде е Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче Ангелов: Да не се вознемируваат децата и сопругата на Груевски
Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега
Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж
Фото: Фејсбук/Груевски